Ресурси

Закон за авторското право и сродните права на РМ

Законот за авторското право и сродните права на РМ ги уредува сите прашања поврзани со авторското право и сродните права, нивното уживање и заштита, обезбедува дефиниции на поимите поврзани со областа на авторското право. За оние што се занимаваат со известување на јавноста и објавување на вести и информации за актуелните настани и општествените трендови и состојби, особено се значајни членовите 16 (Незаштитени творби) и 52 (Користење без плаќање на надомест), каде што се уредени правилата под кои може, под определени услови, да се користат делови од туѓи авторски дела. Законот е достапен на линкот во насловот, a го имате и во прилог на Zakon_za_Avtorskoto_pravo_i_srodnite_prava_115_31082010

Генерички (Stock) фотографии за слободно користење

Медиумите што објавуваат на интернет секојдневно имаат потреба од фотографии што би им послужиле како илустрација за темата за која што известуваат и пишуваат. Виктор Дано од блогот на порталот it.com.mk собрал, во една објава, неколку сајтови што нудат огромни бази на квалитетни генерички (stock) фотографии што им се достапни на корисниците, меѓу другите и на новинарите и медиумите, во најголем број случаи само со соодветно наведување на изворите и авторите (атрибуција). Блогот на Виктор Дано можете да го пронајдете на следниот линк.

Водич за илустрации и фотографии за студенти

Водичот за илустрации и фотографии за студенти (The Ultimate Student Guide to Images) е уште еден извор што нуди избор на веб-страници со илустрации и фотографии ослободени од авторското право, како и краток и корисен преглед на регулативата и состојбата со авторските права во неколку различни правни системи. Водичот го имате на следниот www.stinkyinkshop.co.uk/articles/ultimate-guide-to-images, а можете да му пристапите и преку насловот.

Изјава за можностите за користење на објавени материјали