Принципите се резултат на еден подолг процес на консултации со информативните веб-страници и онлине медиумите во Македонија, со цел да се надмине проблемот на неовластеното и прекумерното користење на туѓи новинарски дела во известувањето.

Во процесот на консултации учествуваше работна група со претставници на ЦРМ и 11 информативни веб-страници, и од работата во таа група произлегоа Принципите за фер употреба на туѓи авторски дела во известувањето на онлајн медиумите.

Процесот е дел од активностите за подобрување на професионалните стандарди во новите медиуми и е поддржан финансиски од Проектот на УСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера и од Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ).